Што велат експертите за новиот тренд – педикирање на кучиња

Во светот на миленичињата исто така постојат трендови, а најновиот е педикура на кучиња, кој се состои од лакирање на нокти.

Многу луѓе го осудија таквото украсување, но експертите велат дека има лакови за луѓе и лакови за миленичиња. Ако домашното милениче го лакирате со соодветен лак, нема да му биде ништо. Но во лакот за луѓе има неколку токсични состојки кои можат да влијаат врз здравјето на миленичињата.

Некои пак велат дека без оглед дали лакот е штетен или не е, овој тренд едноставно нема смисла. Животните според нив не треба да се украсуваат. Луѓето се тие што измислиле вакви работи, на животните тоа едноставно не им треба за да изгледаат убаво или поинаку.

Треба да знаете
Последни објави