Алвеш пречекан во Сао Паоло од 40.000 навивачи

Дани Алвеш, капитенот на петкратниот светски првак Бразил, кој се врати во својата родна земја да ја заврши играчката кариера и тоа во редовите на Сап Паоло, на стадионот Морумби беше пречекан и еуфорично поздравен од 40.000 навивачи на клубот.

Според традицијата без чорапи во спортската опрема на клубот фудбалска легенда стоеше на исцртаниот грб од клубот на „светата трева“ и ги одпоздравуваше навивачите. Алвеш летово ја зврши печалбата во европските клубови и од францускиот шампион Пари Сен Жермен во чиј редови настапуваше измината сезона, пристигна во Сао Паоло со намера сеуште да игра на високо ниво и во добра форма да го дочека Мундијалот во Катар во 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави