Американскиот министер за одбрана доби коњ во Монголија

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер денеска ја посети Монголија со цел да се зајакнат воените врски меѓу двете земји.

Во Министерството за одбрана на Монголија, на Еспер традиционално му беше подарен коњ.

Еспер го нарече седумгодишниот коњ, кој останува во Монголија, „Маршал“, според американски офицер и државник Џорџ Маршал, познат по својата улога во Втората светска војна.

Говорејќи со министерот за одбрана НијаМАгин Енхболд, Еспер рече дека посетата на Улан Батор е можност да се разгледаат начини за понатамошно зајакнување на соработката.

Синот на американскиот претседател Доналд Трамп, Барон, на крајот на јули исто така доби коњ од Монголија со име „Виктори“ (Победа).

Треба да знаете
Последни објави