Казни за туристите кои ќе земат камчиња од плажата на едно од омилените летувалишта

Грција одлучила да ги казнува туристите кои од познатата плажа Лаларија на островот Скијатос земат камчиња.

Грчките власти сакаат да го спречат тоа и на туристите да им забранат да ги крадат камчињата од плажата со кои подоцна ги украсуваат своите дворови.

Геолозите сметаат дека плажата може да биде загрозена, а низ целата плажа поставени се знаци за предупредување со казна за крадење на камчиња која изнесува од околу 400 до 1000 евра.

Туристичките агенции, како и сајтовите за патување сериозно ги предупредуваат туристите за строгите казни за крадење на камчињата.

Ова не е првото необични предупредување за туристите. Неодамна имало предупредување “балканските“ туристи да престанат да прават ајвар на летување.

Треба да знаете
Последни објави