Манчестер јунајтед цела ноќ преговарал за Манџукиќ

Денеска до 18 часот кога завршува предниот рок за фудбалерите во Англија ќе биде познато дали хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ ќе стане член на славниот Манчестер јунајтед. Челниците на тимот од „Олд Трафорд“ цел ноќ ја минале во преговри со менаџерите на Манџукиќ. Јувентус со кого Манџукиќ има договорна обврска се согласува да го продаде хрватскиот репрезентативец. Манџукиќ нема ништо против да се проба во премиерлигашката конкуренција, но остануваат да се прецизираат детали околу договорот кој треба да биде потпишан.

На „црвените ѓаволи“ им е неопходен напаѓач по заминувањето на Ромелу Лукаку во италјанскиот Интер. За белгискиот напаѓач Лукаку беше заинтересиран и Јувентус. Неуспешните преговори меѓу двата клуба не би требало да бидат причина за да неуспее и трансферот на Манџукиќ кого медиумите го споменуваа и како можна трампа меѓу англискиот и италјанскиот тим.

 

Треба да знаете
Последни објави