Иако во ек е преодниот рок за играчи, потпредседателот на италјанскиот фудбалски првак Јувентус, чешкиот интернационлец Павел Недев наместо да биде актуелен и интересен во медиумите за ангажирани засилувања во неговиот тим, тој се најде на насловните страници поради љубовниот живот. Таблодите наголемо пишуваат и објавуваат фотографии дека некогашниот фудбалски ас Недвед (46 г.) одлучил да го растури долгогодишниот брак со сопругата Ивана и да и отиде во прегратките на двојно помладата од него Луциа Ановичинова.
Со новата љубов Недвед е уловен од фотографите во Лондон по што се појавија сликите на насловните страници од „жолтата штампа“. Луција има само 23 години и за неа се знае само дека е страствен јавач на коњи. Ова беше причина жестоко на социјалните мрежи да реагираат приврзаниците на Недвед, а во бројните коментари еден револтиран навивач напиша:
„Може ќерка да ти биде“ !



