Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска се сретна со градоначалникот на Општина Боговиње Аљбон Џемаили.
На средбата, како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, се дискутираше за актуелните состојби во општината од областа животна средина и како ресорното Министерство може да помогне во справување со актуелните предизвици за подобар и поквалитетен живот на граѓаните.
Градоначалникот и министерот изразија подготвеност за поблиска соработка преку иницирање на нови заеднички проекти, наведуваат во соопштението.



