Осумнаесет години од масакарот кај Карпалак

Денеска се одбележуваат 18 години од загинувањето на 10-те прилепски бранители во месноста Карпалак, за време на воениот конфликт во 2001 година.

Одбележувањето почна вчера со оддавање почит на бранителите во прилепската касарна „Мирче Ацев“.

На 8 август 2001 година на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин, кај месноста Карпалак во заседа од страна на терористите на УЧК беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија.

Во нападот загинаа десетте армиски припадници од Прилеп и прилепско Нане Наумоски, Сашо Китановски, Горан Миновски, Ердоган Шабановски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Велјановски, Пеце Секуловски, Веби Рушитовски и Мирко Деспотовски.

Треба да знаете
Последни објави