Џиџи Хадид (24) е една од најуспешните моделки на сцената во моментов. Русокосата убавица четири години беше во врска со популарниот пејач Заин Малик (26), кој ги истетовира нејзините очите на своите гради за да ја докаже својата љубов. Тие неколку пати прекинуваа, и на крај нивната врска заврши во јануари. Се зборува дека славната моделка е вљубена во Тајлер Камерон (26), американскиот „Господин совршен“.
Според американските медиуми, двојката излегла на состанок во Њујорк, каде што биле на куглање и на вечера. За да не бидат премногу забележливи, тие повикале група пријатели, но според изворите, не можеле да ги сокријат своите емоции. По куглањето, отишле на скара и караоке. Двојката го поминала целото попладне заедно.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од Камерон и Хадид како шетаат низ Бруклин и изгледаат многу интимни.



