Откако неодмана се појави информација дека американскиот кошарката Ди-Џеј Купер сакал да ја измами допинг-комисијата подметнувајќи урина од сопругата, по што беше фатен за малверзација бидејќи анализата покажа дека тој е во блажена состојба, се огласи да ги потврди ваквите трикови и пензионираниот 53-годишен легендарен боксер Мајк Тајсон. Поранешниот светски првак во тешка категорија, Американецот Тајсон раскажал како успевал да ги измами службените лица задолжени за допинг-контролите со подметнување урина за контрола од своите најблиски, за да ги помине тестовите.
–Прво користев урината на мојата сопруга. Кога таа ми рече дека резултатите можат да покажат дека си бремен, прејдов на алтернативно решение. Одлучив да ја користам урината од моите деца. Како го избегнав набљудувањето на лицата одговорни за допингот? Едноставно. Повеќето мажи се чувствуваат непријатно кога им го покажувате пенисот. Затоа, кога одев на тестирање, тие најчесто не ме надгледуваа кога уринирав – вели Тајсон.
Тајсон кариерата ја заврши неславно со тригодишна затворска казна поради силување.



