Несторовски: Предизвик ми е да постигнам двоцифрен број голови и во дресот на Удинезе

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски кој минатата недела му пристапи на калчолигашот Удинезе како слободен играч по дисквалификацијата на Палермо и префрлањето во четвртолигашката конкуренција, денеска беше промовиран во новата средина. Несторовски не крие дека не се двоумел каде да ја продолжи кариерата кога ја добил понудата од Удинезе.

-Шест сезони постигнувам двоцифрен број на погодоци. Целта останува иста и за оваа сезона. Предизвик ми е да постигнам најмалку 10 погодоци и во дресот на Удинезе. Можам и да асистирам. Кога сте млад ви недостасува искуство во одредени моменти, но верувам дека доволно созреав за да бидам максимално прецизен – порача „Нестор-гол“ на промоцијата во дресот на  „бјанконерите“ од Фриули, на која се појави пред новинарите со техничкиот директор Пјерпаоло Марино.

Македонецот изминативе  две сезони се поврзуваше со враќање во Серија А, но остана во Палермо.

Останав во Серија Б, бидејќи сакав да му помогнам на Палермо да се врати во елитното натпреварување. Повторно ќе играм во Серија А, а преселбата во Удинезе ја сметам за голем скок во мојата кариера – вели Несторовски.

Треба да знаете
Последни објави