Пакистан соопшти дека денеска го прекинува клучниот железнички сервис со соседна Индија по одлуката на Њу Делхи да го промени специјалниот статус на Кашмир.
Федералниот министер за железниците, шеик Рашид Ахмад изјави дека е суспендиран возот што ги поврзува двете земји, пренесе „АП“.
Ова се случи ден откако Пакистан го спушти нивото на дипломатски врски и ја прекина билатералната трговија поради одлуката на Њу Делхи за промена на статусот на Кашмир.
Одлуката за прекин на железничкиот сообраќај беше објавена додека патниците за Индија чекаа да влезат во воз во градот Лахоре.



