Како наследник на Јоханес Хан на чело на Комесаријатот за проширување на ЕУ неофицијално се спомнува словенечкиот дипломат Јанез Ленарчич, постојан претставник на Словенија во ЕУ, објави денес „Индепендент“.
Како што се вели, одлуката сè уште не е донесена и сè уште не е јасно на кој начин ќе се дефинира портфолиото на проширување, иако Ленарчич сè почесто се спомнува во кругот на Брисел како можен кандидат за функцијата.
Еден познавач на бриселските околности за „Индипендент“ изјави дека е речиси сигурно дека следниот комесар за проширување ќе дојде од Западен Балкан, со оглед дека последните двајца комесари биле од Словачка и Австрија.



