Еден од најдобрите играчи во „белиот спорт“, швајцарскиот тенисер Роџер Федерер денеска собира честитки за 38. роденден. Неговите колеги од Здружението на професионални тенисери (АТП) преку Твитер му го честитаа роденденот на сеуште еден од водечките играчи кој е во поодминати години. Федерер е еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот. Во својата кариера освои 20 гренд слем титули, а има поминато на првото место на ранг-листата вкупно 310 недели.
Федерер има освоено 110 АТП турнири. Со Швајцарската репрезентација го освои Дејвис купот во 2014 година.



