Аргентинскиот фудбалски интернационалец од редовите на Јувантус пристигна со својот менаџер во Лондон на заврши преговори со англискиот премиерлигаш Тотенхем, но италјанскиот првак се премисли и се повлече од преговорите, по што трансферот пропадна. Според информациите од Лондон се било договорено Дибала да го стави потписот на договорот со Тотенхем вреден 65 милиони фунти.
Останале да се прецизираат средставата од имиџ-правата и процентите од продажбата на истите , од кои „старата дама“ планирала да заработи дополнителни 12 милиони фунти, а Тотенхем не ги прифатил тие услови, па договорот пропаднал.