Македонскиот фудбалски интернационалец, младиот Елиф Елмас кој нодамна пристигна во редовите на италјанскиот калчолигаш Наполи одигра без распект против ѕвездите на шпанскиот гигант Барселона. Наполи загуби (2:1) на пријателскиот натпревар одигран во Мајами. Иван Ракитиќ кого медиумите го доведоа до излезната врата кај шпанскиот првак го обезбеди триумфот за Барселона.
Елмас кој имаше добри 45 минути против Марсеј, утрово повторно беше на висина на задачата и против Барселона. Македонскиот репрезентативец беше стартер во тимот на Карло Анчелоти и одигра еден час.
Серхио Бускетс во 38 минута и донесе водство на Барселона, а пет минути подоцна играчот на каталонците Умтити се запиша во листа на стрелеците, но погодувајќи ја сопствената мрежа за 1:1. Французинот сакаше да блокира проигрување од Каљехон кон Мертенс, но ја затресе сопствената мрежа, па Ракетиќ во 79 минута го реши победникот.