Бразилскиот стопер Давид Луиз во самиот финиш од летниот преоден рок во Англија се пресели во редовите на лондонски Арсенал.
Арсенал во последниот ден од летниот преоден рок ја засили дефанзивата, па така на „Емирати“ пристигнаа Киеран Тиерни од Селтик и стоперот на Челси, Давид Луиз. За двајцата фудбалери од лондонскиот клуб одвоија околу 33 милиони фунти.
Иако Луиз во мај потпиша нов договор со Челси, во средата побарал трансфер затоа што паднал во втор план и не сакал да биде резерва. За Арсенал е одлично решение, затоа што „Топчиите“ беа во потрага по стопер.
Луиз во дресот на Челси освои една шампионска титула во Премиер лигата, два ФА Купови и три европски титули – Лигата на шампионите и два пати Лига Европа.