Единствената синагога во Вилнус затворена од безбедносни причини

Единствената синагога во главниот град на Литванија, Вилнус се затвори на неодредено време поради загриженост за безбедноста на еврејската заедница.

Овој потег следува откако градскиот совет изгласа преименување на улица во чест на сојузникот на Хитлер, што литванската Еврејска заедница (ЛЈЦ) го нарече потег што ги влошува тензиите.

Претседателката на заедницата, Фаина Куклијански, напиша дека постои „континуирана, ескалирачка, јавно изразена желба од една политичка партија за признавање на извршителите на масовни убистви на Евреите од Литванија како национални херои“.

Според „Тајмс оф Израел“, националистите биле лути поради одлуката за промена на името на улицата, именувана по сојузникот на Хитлер, Казис Скирпа, како и за отстранување на плакета на нацистичкиот соработник Јонас Норејка. И двајцата се бореа против Советите, а некои во земјата ги ги сметаат за херои.

Во изјавата на веб-страницата на ЛЈЦ, Куклијански ги посочи кон „антисемитските коментари и натписи“ објавени на страниците на социјалните медиуми на политичката партија и ја доведе во прашање безбедноста на Евреите во заедницата. Таа рече дека хорската синагога и центарот за ЛЈЦ ќе бидат затворени на неодредено време.

Таа додава дека во пресрет на „заканувачки повици и писма во последниве денови“, ниту Еврејската заедница ниту синагогата немаат средства да обезбедат безбедност на посетителите, „вклучително и преживеани од холокаустот и нивните семејства“.

Таа ги повика лидерите на Литванија јавно да одговорат на растечките тензии.

Треба да знаете
Последни објави