Во делови од Лондон и југоисточна Англија дојде до прекин на електрична енергија, поради што не сообраќаат возовите и не работат семафорите, а пријавени се проблеми и на аеродромите, јави „Ројтерс“.
Надлежните соопштија дека прекинот на струјата најверојатно настанал поради дефект на националната електрична мрежа.