На 09.08.2019 во 00.30 час на раскрсницата од улиците Интернационални бригади и Миодраг Илиќ се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Шкода “, сопственост на МВР и патничко моторно возило „Берлинго“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.С.(23) од Скопје.
Со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници и возачот А.С. кои биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.