Кога принцот Чарлс (70) го посети сетот во јуни, се зборуваше за тоа да го повикаат да биде дел од новиот филм за Џемс Бонд. Тие му понудија улога и сега сè зависи од него, пишува „Сан“.
Синот на кралицата Елизабета Втора (93), Чарлс, можно е да се оддалечи малку подалеку од кралските обврски. Продуцентите и режисерите на новиот филм за тајниот агент Бонд, наречен „Бонд 25“, се надеваат дека принцот ќе ја прифати нивната понуда да игра во филмот.
Тие знаат дека тоа ќе им помогне да остварат поголема гледаност и побарувачка за филмот.