Екипажот на добротворната организација „Лекари без граници“ спаси 80 мигранти кај брегот на Либија.
„Лекарите без граници“ на „Твитер“ објавија фотографии од спасени мигранти во гумен чамец.
Тие изјавиле дека ги нашол спасувачкиот брод „Ошн Викинг“ кој плови под норвешко знаме.
Меѓу мигрантите има четири деца и пет жени, пренесува АП.
Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини најави дека ќе потпише забрана за влез на бродови во италијанските води, а за оние што ја прекршуваат таа одлука е предвидена казна од еден милион евра.