ЈП „Водовод и Канализација“ соопшти дека поради големата потрошувачка на вода за време на топлотниот бран кој го зафати Скопје дополнително се вклучени 4 бунари кои ја надополнуваат потрошувачката во овој период.
„Апелираме до сите граѓани рационално и внимателно да ја користат водата, a воедно и ги замолуваме да го избегнуваат непотребното трошење на водата за полевање на дворови и поголеми површини, односно тоа да го прават после 22 часот“ велат од претпријатието.