Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја поздрави одлуката на Киев да дозволи руски авион да влезе во воздушниот простор на Украина за да го избегне невремето.
„Одлични вести! Благодарам “, напиша Захарова на својот фејсбук-профил.
Украинските контролори на летање го пуштија рускиот авион во воздушниот простор на земјата и покрај постојната забрана, со цел да се спречи трагедија, се вели во соопштението на официјалната веб-страница на „Украерорух“ на Фејсбук.