Според најновите податоци на Интерпол, Албанија е на врвот во однос на сите европски земји со 116 Албанци обвинети за разни кривични дела за кои е распишана меѓународна потерница, јави албанската телевизија „Топ чанел“.
Како што јавува телевизијата, тие биле барани не само врз основа на албанската потерница за апсење на Интерпол, туку и во други земји, за кои постои сомневање дека сториле кривични дела.
Зад Албанија е БиХ со 99 лица по налог на Интерпол, Бугарија со 50, Романија со 48 и Франција со 28 нејзини државјани кои се бараат со меѓународна потерница.
Само три европски земји – Исланд, Ирска и Луксембург, имаат по само едно лице по меѓународна потерница на Интерпол.