Камчев со Боки 13: Чифлиганец ми се јави ми бараше дуќан за Лиле Стефанова
Италијанскиот весник Ла Верита утрово сподели ново видео за случајот Рекет. Во видеото се слуша женски глас на Катица Јанева како преку телефон вели дека се ќе биде ок.Исто така во разговорот Боки 13 и Камчев ја споменуваат и обвинителката која го води случајот „Империја“, Лиле Стефанова.
Транскрипт од дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Боки 13:
Орце Камчев: Ме интересира што добивам, како добивам и кога добивам. Не знам, женава влезена ли е во играта со нас, оваа Лиле, влезена ли е? Мене еднаш Чифлиганец ми бараше дуќан за нејзе за стоматолошки ординации. Јас одјебав све тоа.
Боки 13: Кога било тоа?
Орце Камчев: Пред влезам.
Боки 13: Не знам за претходно.
Орце Камчев: Значи, јас и ти си разговараме, во целата прикаска мора и таа да знае…