Министерството за внатрешни работи ги демантира лагите објавени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за наводна сопственост на министерот Спасовски на комплексот „Пин петрол“ во Куманово и наводен конфликт на интереси околу добивањето на дозволите за работа.
-Ниту министерот Спасовски ниту член на неговото семејство нема било каква сопственост во оваа компанија, ниту во било која друга, ниту во минатото ниту денес. Покрај тоа, согласно законските прописи, секое правно лице кое што ги исполнува условите, има право да аплицира за добивање на овластување за станица за технички преглед. Условите се пропишани со Законот за возила. Овластувањето за вршење на технички преглед на возила го издава МВР, додека Овластувањето за идентификација и идентификација и оценка на техничката состојба го издава Министерството за економија. Таков е и случајот со Пин петрол, МВР и во овој случај, како и во сите други случаи, постапува согласно законите. Бараме партијата ВМРО-ДПМНЕ да се извини за лагите кои ги пласира, а доколку тоа не биде сторено, ќе биде поднесена тужба пред надлежниот суд, велат од МВР.