Непознат маж пукаше во две лица на автопатот во американската сојузна држава Хјустон и во моментов се трага по него, соопшти полицијата.
Полицијата најпрво одговорила на повик за сообраќајна несреќа и дури на самото место на истрагата е утврдено дека се случило пукање во кое загинале две лица, пренесува „Си-ен-ен“.
Исто така, потврдено е дека во возилото на напаѓачот биле пронајдени наркотици.
Се тврди дека напаѓачот, најверојатно лут поради несреќата на автопатот, пукал кон другото возило.
„По судирот, од едно возило излегле две лица. Еден од нив имал оружје и започнал да пука во друго возило“, соопшти полицијата, додавајќи дека сторителот сè уште е во бегство.