Водка направена од житарки и вода од Чернобилската отуѓена зона, беше опишана како „најважното шише жесток алкохол во светот“.
По катастрофата во Чернобилската нуклеарна централа во 1986, околу централата беше направена зона на отуѓеност во периметар од 4.300 квадратни километри.
Вкупно 355.000 лица беа приморани да ја напуштат околината, а по несреќата голем дел од околните места останаа напуштени поради екстремно високите нивоа на радијација.
Група научници дестилираше водка која ја нареше „Атомик“ и за која се надева дека ќе помогне во ревитализацијата на економијата во Украина.
„Нашиот продукт би можел да помогне во подобрување на економијата во заедниците околу напуштените места“, вели професорот Џим Смит од Универзитетот во Портсмут, кој е дел од тимот кој работи на проектот со водката.
„Илјадници луѓе се уште живеат во зоната во која биле принудно преселени, а таму се уште се забранети нови инвестиции и развој на агрономија“.
Иако некои житарки содржеа мала радиоактивност, сепак самиот алхохол поради процесот на дестилацијане покажува радиоактивност.
Дестилатот се раствора со минерална вода од извор во градот Чернобил, 10тина километри од нуклеарниот реактор, но водата не е контаминирана.
„И по 33 години, во многу напуштени места е безбедно да се одгледуваат жита и без потоа да се дестилираат“, вели професор Смит.
Водката е еден од резултатите на проектот кој има за цел да открие дали и колку е безбедно да се користат продукти одгледани во напуштените области околу Чернобил.