МВР апелира дека поради започнување на градежни работи на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје сообраќајот во тој дел на градот ќе биде пренасочуван.
„Денеска (09.08.) после 20 часот, како и на 10 и 11.08.2019 (сабота и недела) на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов ќе се изведуваат градежни работи, па Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен сообраќаен режим при што сообраќајот по улицата Димитрие Чуповски во насока на движење од Центар кон Ѓорче Петров ќе се пренасочува лево и десно по булеварот Свети Климент Охридски, а сообраќајот по улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во насока на движење од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочува право по улицата Свети Кирил и Методиј и лево по улицата Костурски херои“, се вели во соопштеноето од МВР.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.