Пакистанските власти објавија денеска дека ја прекинуваат и последната железничка линија кон Индија откако Њу Делхи го укина специјалниот статус на индискиот дел од Кашмир, регион за кој спорат двете држави.
– Одлучивме да го запреме и „Тхар експрес”, изјави министерот за железнички транспорт, Шех Рашид.
– Додека сум јас министер за железнички транспорт ниту еден воз нема да се движи меѓу Пакистан и Индија, нагласи тој.
Во Кашмир се укинати интернетот, социјалните мрежи, мобилните и фиксните телефонски услуги.