Патничка се разболе на летот за Велика Британија од Франција во петокот, поради што надлежните за јавно здравство собрале детали за контакт од сите 107 патници на летот за да можат да ги следат, изјавија од авиокомпанијата „Флајби“.
Патничката се разболела на летот на БЕ3122 од Париз до северниот англиски град Манчестер.
„Како мерка на претпазливост при пристигнувањето во Манчестер и по разболувањето на патничката на гореспоменатиот лет, соработуваме со Јавното здравство на Англија за да ги добиеме целосните детали за контакт од сите 107 патници на летот“, објави компанијата.
„Ова ќе им овозможи да бидат целосно следливи ако можеби се појави потреба да бидат предупредени од надлежните во одреден момент во иднина“, додаваат тие, истакнувајќи дека тоа е малку веројатно.
„Би-Би-Си“ соопшти дека авионот бил ставен „во карантин“ откако жената се разболела.