Дрвото џошуа, познат вид на јука која расте на американскиот југозапад, би можело да исчезне до крајот на векот, како резултат на климатските промени, велат научниците.
Експертите од Универзитетот во Калифорнија (УЗ) користеа податоци од Меѓувладиниот панел за климатски промени за да го проценат влијанието на глобалното затоплување врз дрвото џошуа во националниот парк „Џошуа дрво“.
Според оптимистичкото сценарио во кое човештвото би успеало да ги ограничи своите емисии на стакленички гасови до одреден степен, застапеноста на овој вид јука би се намалила за 80 проценти до крајот на векот.
Но, ако ништо не се промени, моделот укажува на целосно исчезнување на овој вид кој потекнува од плеистоценот.