Секој љубител на англискиот фудбал веќе е во исчекување … По долгата летна пауза, едно од најатрактивните првенства во светото, Премиерлигата во Англија започнува вечерва во 21.00 часот, со натпреварот Ливерпул – Норвич.
Фудбалерите на Јирген Клоп ги наведнаа главите пред Манчестер сити уште еднаш, откако беа поразени во битката за трофејот од „Комјунити Шилд”, но се очекува ова да запали искра во нив уште повеќе за да го срушат 30-годишното проклетство и да освојат нова титула.
Големиот ривал на „црвените”, Манчестер јунајтед, започнува дома со победникот на Лигата на Европа, Челзи, на 11 август во 17:30 часот. Манчестер сити и Тотенхем треба да се соочат на 17 август во 18:30 часот, а на 24 август во истиот термин следи возбудливиот дуел Ливерпул – Арсенал. И ова е само мал дел од дуелите во најжешкиот месец во годината.
Нова сезона, нови правила. Без оглед на тоа дали го одобрувате системот за видео-повторување, ВАР влегува во сила. Судиите ќе имаат право на три повторувања со цел да избегнат големи одложувања на дуелите.
Астон Вила е еден од тимовите кој буди голем интерес. Клубот од Бирмингем даде најава со големиот број трансфери, откако ангажира дури 12 нови играчи.
Новиот менаџер на Челзи, Френк Лампрд не сака да губи, иако „Стемфорд Бриџ” може да биде опасен за секој тренер. Поради казната од УЕФА, Челзи ја ревидираше својата младинска политика во клубот и сега тие ќе треба да излезат на виделина. Оле Гунар Солскјер го предводи Манчестер јунајтед. Тој е четвртиот тренер од заминувањето на Сер Алекс Фергусон во 2013 година. Дали ова ќе биде негова година? Ова и уште многу прашања треба да донесе новата сезона во Премиерлигата.