Премиерлигашите потрошија 1,4 милијарди фунти за нови играчи

Летниот преоден рок за преселба на фудбларите во Англија заврши. Премиерлигашите четврта година по ред трошат повеќе од една милјарда фунти за ангажман на нови играчи. Летово најмногу ќесето до одврза Манчестер јунајтед, кој потроши 148 милиони фунти. Според анализата на Скај Спортс, Манчестер јунајтед со 80 милиони фунти за Хари Мегваер го плати најскапото засилување.

Зад тимот од „Олд Трафорд“ изненадувачки се најдоа повратникот во премиерлигашкото друштво Астон Вила со потрошени 144,5 милиони и Арсенал со 138 милиони, иако за „топчиите“ се говореше дека ќе имаат ограничен буџет од 45 милиони фунти.

Од продажбата на играчи најмногу профитираше Челзи и тоа благодарејќи на два трансфери. Еден Азар го пушти во Реал Мадрид за 130 милиони фунти и Алваро Мората во Атлетико Мадрид за 58 милиони фунти.

Доколку се прави аналза само на потрошувачката, Астон Вила е убедливо на врвот бидејќи ова лето нема пруходи од продажба на играчи, а потроши дури 144,5 милиони фунти за ангажманот на нови имиња во тимот.

И додека во Англија клубовите се пребројуваат кој колку потрошил или заработил, во најголемиот дел од Европа клубовите ќе можат да тргуваат на фудбалската берза до крајот на овој месец.

 

Треба да знаете
Последни објави