Мексиканскиот режисер и продуцент Гилермо дел Торо (54) им се приклучи на актерите Софија Вергара (54), Мајкл Даглас (74), Скарлет Јохансон (34) и многу други на Патеката на славните во Холивуд. Оскаровецот за филмот „Обликот на водата“ ја доби својата холивудска ѕвезда.
Тој позираше со мексиканско знаме над својата ѕвезда. Дел Торо ја искористи можноста да зборува за стравот што, како што рече, некои го користат за да ја поделат нацијата и да пренесат дека меѓусебно различни луѓе не треба да веруваат едни на други.
„Не верувајте во лагите што ги кажуваат за нас, верувајте во приказните што ги носите во себе и верувајте дека сите заедно можеме да ги промениме работите“, рече Дел Торо.
Патем, славниот режисер во Лос Анџелес пристигна во Мексико во 1998 година, откако неговиот татко беше киднапиран. Киднаперите бараа откуп од еден милион американски долари за таткото на Дел Торо, а режисерот успеа да ги собере парите благодарение на пријателите и колегата Џејмс Камерон, канадски режисер кој исто така има ѕвезда на Патеката на славните.