Стратегот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Норвежанецот Оле Гунар Солскјер за иднината на подзаборавената ѕвезда во тимот, Чилеанецот Алексис Санчез вели дека од него очекува да се разигра и да постигнува голови. Чилеанецот е бледа сенка на самиот себе по пристигнувањето на „Олд Трафорд”, но Солскјер не планира да се откаже од неговите голгетерски способности.
– Санчез тренира и добро се снаоѓа. Заостанува четири-пет недели во подготовките, но тој е напаѓач и верувам дека ќе постигне многу голови оваа сезона – изјави Солскјер.