Стефанова: Камчев намерно ме спомнува во снимката, преку Чифлиганец се обиде да влијае врз истрагата за „Империја“

Обвинителката Лиле Стефанова за порталот Сакамдакажам.мк вели дека бизнисменот Орце Камчев влијаел преку нејзиниот пријател Ванчо Чифлиганец да се стопира истрагата за „Империја“ за што таа вели дека веднаш ги известила Катица Јанева, колегиумот на Специјалното јавно обвинителство, осомничените и сите нивни адвокати.

– Во август 2018 година осомничените Јордан Камчев и Цветан Панделески се обидоа да извршат влијание врз текот на истрагата за „Империја“, користејќи го моето пријателство со господинот Ванчо Чифлиганец. За оваа ситуација јас на колегиум ја известив Катица Јанева и присутните обвинители, а веднаш и мојот тим истражители. Господинот Чифлиганец сам дојде во просториите на СЈО. На таа средба само праша за што се води истрага околу неговите пријатели Јордан Камчев и Цветан Панделески. Јас му одговорив дека за истрага не можам да зборувам. Тука се затвори темата засекогаш – вели обвинителката Стефанова за СДК.мк.

Обвинителката Стефанова, во изјава за „360 Степени“ вели дека очекува обвинителката Вилма Рускоска, која ја води истрагата, да ја повика да даде исказ.

-Јас ѝ се јавив на обвинителката Вилма Рускоска за да ѝ кажам од кога до кога сум на одмор за да бидам достапна за истрагата. Таа рече дека ќе ме повика и кога ќе ме повика тогаш ќе дадам сведочки исказ, какво и да биде моето својство, истрагата може да даде различни својства – вели Стефанова за „360 Степени“.

 

Треба да знаете
Последни објави