7-годишниот тинејџер кој турна 6-годишно француско момче од платформата за гледање на 10. кат во галеријата „Тејт“ во Лондон ќе се појави пред судот следната година под обвинение за обид за убиство.
Момчето беше пронајдено на покривот од петтиот кат од галеријата, во неделата.
На судот му било речено дека момчето претрпело крвавење на мозокот и скршеници на ‘рбетот, нозете и рацете. Полицијата соопшти дека тој е во стабилна, но критична состојба во болница.
Полицијата соопшти дека ништо не укажува дека детето го познава тинејџерот кој беше уапсен.
На кратко судско рочиште, обвинетиот тинејџер ги потврди своето име, возраст, адреса и националност. Судскиот процес треба да почне на 3 февруари 2020 година. Би-би-си пренесува дека се воспоставени ограничувања во известувањето кои забрануваат именување на обвинетиот и жртвата.