Фановите на американската пејачка, актерка и танчарка Бијонсе (37) се убедени дека таа го очекува четвртото дете со сопругот, раперот Џеј Зи (49), пренесува „Дејли мејл“.
Бијонсе во последно време е многу активна на социјалните мрежи и објавува по неколку гламурозни фотографии одеднаш. Така, таа облечена во тесен фустан „предизвика“ коментари дека е бремена.
На фотографијата не се гледа стомак бидејќи пејачката го покрила со виолетова чанта. Поради оваа причина, сите сметаат дека ново бебе е на пат.
Пејачката и раперот веќе имаат ќерка Блу Ајви (7) и двегодишни близнаци, ќерка Руми и син Сер. Во неколку наврати, двојката истакна дека би сакале да имаат големо семејство.