По масакрот во американските градови Ел Пасо, Тексас и Дејтон, Охајо, три земји објавија предупредување за патување во САД: Јапонија, Уругвај и Венецуела.
„Со оглед на можноста инцидентите со огнено оружје да се случат насекаде во САД, ве молиме да бидете внимателни“, предупреди јапонскиот генерален конзулат во Детроит во соопштението објавено во неделата, пренесува „Јапан тајмс“.
Уругвајското Министерство за надворешни работи, исто така, ги советуваше своите граѓани кои живеат во САД или патуваат во земјата за „растечкото неселективно насилство, главно злосторства од омраза кои однеле повеќе од 250 животи во првите седум месеци од оваа година. На Уругвајците им се препорачува да „избегнуваат големи концентрации на луѓе, како што се тематски паркови, трговски центри, уметнички фестивали, верски настани, фестивали на храна и какви било културни или спортски настани“.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро во понеделникот преку „Твитер“ ги повика граѓаните на неговата земја да бидат претпазливи или да го одложат патувањето во САД.