Од почетокот на годинава па до јуни во Министерството за внатрешни работи се пријавени 368 кражби на велосипеди, пишува Скопјеинфо.мк.
Бројката е потврдена од МВР, но не е соопштено колку од украдените велосипеди се пронајдени.
Оштетените лица своите велосипеди покрај пријавите кај надлежните, ги бараат и преку фејсбук-групата каде споделуваат информации за да стигната до своите украдени велосипеди.
– Гледано по региони најмногу пријави за украдени велосипеди има на подрачјето на СВР-Скопје 159. Следуваат СВР-Битола со 70 пријави, СВР-Охрид со 44, СВР-Струмица 42, а во СВР Куманово 18. Во СВР-Штип пристигнале 17 пријави, во СВР-Велес 13, додека само пет случаи на украдени велосипеди биле пријавени во СВР-Тетово појаснуваат од министерството.
Како што информираат од МВР, во текот на мината 2018 година се пријавени 628 кражби на велосипеди.