Експлодирал плински уред во „Застава“, пламенот изгорел моторџија

На 08.08.2019 во 20,10 часот во СВР Скопје, Љ.П.(41) од село Волково пријавил дека дента околу 19.30 часот додека се движел по улицата Бутелска со автомобил ,,Застава 128’’ , забележал чад од моторот по што избувнал пламен.

Огнот го зафатил целото возило, а потоа дошло и до експлозија од вграден плински уред во возилото. Во моментот на експлозијата во близина бил Г.В.(46) од Скопје кој управувал моторцикл со скопски регистарски ознаки и бил зафатен од пламенот при што се здобил со повреди.

Г.В. бил префрлен во комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’ каде од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди.. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.

Треба да знаете
Последни објави