Докторката специјалист Луиза Груева е една од најугледните во својата бранша на целиот Балкан. Нејзе ја нарекуваат „македонската д-р Хаус“ и важи за стручен дијагностичар во областа на кардиологијата и интерната медицина. Од неодамна, таа работи во болницата во Пула, пишува Glas Istre.
По 30 години кариера на скопските клиники и предавање на Медицинскиот факултет во Скопје, таа буквално преку ноќ одлучи да го промени и приватниот и професионалниот живот и да замине од Клиничкиот центар во општата пулска болница и за волја на вистината, воопшто не жали за тоа.
Докторката е воодушевена од Истра и Пула, а открива и дека првата причина зошто се решила за ваков чекор е дека отсекогаш ја обожавала Хрватска. Втората и пресудна причина била нејзината нетолеранција на загадениот воздух во Скопје и преголемата гужва.
Нејзе ја нарекуваа „доктор Хаус“, според популарниот лик, бидејќи важела за доктор со шесто сетило, која има комплексен пристап кон своите пациенти кој и дава можност да формира целосна дијагноза.
Докторката припаѓа на семејство со четири генерации лекари, а лекари се и нејзините три ќерки. Нејзиниот дедо исто така бил доктор и секогаш им велел на членовите на своето семејство да живеат со чист образ и никогаш да не го извалкаат семејното име.