Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат с Бели-Пониква, утринава околу 9:00 часот е локализиран и изгаснат. Извршена е проверка на теренот за можни остатоци на жаришта и нивно гасење. Дирекцијата за заштита и спасување заедно со локалната самоуправа на општина Кочани го координираше гасењето на пожарот со што е запазена постапноста во дејствувањето при вакви катастрофи со учество на околу 100 луѓе од ТППЕ Кочани, ТППЕ Виница, ТППЕ Штип, ТППЕ Кавадарци, ТППЕ Гевгелија, просторните сили на ЈП Национални шуми, просторните сили на локалната самоуправа на општина Кочани и други субјекти.
Дирекцијата за заштита и спасување упатува апел до сите граѓани на Република Северна Македонија за совесно однесување и почитување на забраната за движење во шуми и шумски предели како и дадените препораки да не се палат стрништа и оган близу шумски површини.