Полициско „јети“ се судрило со „берлинго“, тројца повредени

На 09.08.2019 во 00.30 час на раскрсницата од улиците Интернационални бригади и Миодраг Илиќ се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Шкода “, сопственост на МВР и патничко моторно возило „Берлинго“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.С.(23) од Скопје.

Со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници и возачот А.С. кои биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави