Управата на истражниот затвор во Шутка по извршениот претрес пронашла и одзела три мобилни телефони од притвоениците, а со кои најверојатно била направена фотографијата од првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановки – Боки 13. Негова фотографија од дворот од затворот „Скопје“ ја објави порталот Скопје1, а на неа Боки 13 е со уште едно машко лице.
Директорот на затворот, Есад Рахиќ за 24 Инфо изјави дека откако се појавиле фотографиите бил направен претрес при што биле најдени три мобилни телефони.
-Истрагата трае, фотографијата најверојатно била направена со еден од ови овие мобилни телефони и нивните сопственици ќе бидат санкционирани. Гарантирам дека никој од затворските чувари кои се ангажирани воовој дел од установата не го снимале притвореникот, изјави Рахиќ.