Солскјер очекува голови од Санчез

Стратегот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Норвежанецот Оле Гунар Солскјер за иднината на подзаборавената ѕвезда во тимот,  Чилеанецот Алексис Санчез вели дека од него очекува да се разигра и да постигнува голови. Чилеанецот е бледа сенка на самиот себе по пристигнувањето на „Олд Трафорд”, но Солскјер не планира да се откаже од неговите голгетерски способности.

– Санчез тренира и добро се снаоѓа. Заостанува четири-пет недели во подготовките, но тој е напаѓач и верувам дека ќе постигне многу голови оваа сезона – изјави Солскјер.

Треба да знаете
Последни објави