Јовески: Ќе бидат сослушани или испитани и Катица Јанева и Лиле Стефанова

Јавниот обвинител Љубомир Јовески, за А1 он вели дека сите инволвирани лица во „Рекет”, ќе бидат сослушани и испитани во истражната постапка оти никој нема да се спаси од кривична одговорност доколку сторил кривично дело.

Денеска со официјални соопштенија преку интернет страницата на СЈО се огласија и двете обвинителки, откако во јавноста излегоа аудио снимки од комункацијата меѓу Боки 13 и Орце Камчев во кои се разговара за начините на кои бизнисменот ќе му биде вратен пасошот. Во едниот разговор директно се слуша и Јанева, додека Стефанова се спомнува во два разговори.

Јанева тврди дека не се огрешила од законот и дека во ремките на нејзините овластувања имала обврска да разговара со осомничени и други лица вмеани во предметите кои се под истрага. Стефанова, пак, се огради од снимите и рече дека Камчев намерно ја спомнува да ја дискредитира, а токму тој преку Ванчо Чифлиганец се обидел преку неа да влијае врз истрагата за „Империја“. Обвинителката, сепак, во еден дел рече дека од Јанева добиле наредба да затворат дел од предметите и за осомничените да не бараат притвор.

Треба да знаете
Последни објави