На 4 мај годинава, Врховен суд ги укина мерките куќен притвор за тројцата обвинети во случајот „Империја“,Орце Камчев, Цветан Панделевски и Ненад Јосифовиќ, кои претходно поднесоа жалба до Апелација. Но, дали постои веројатност овие одлуки да бидат укинати поради скандалот „Рекет“?
Првиот човек на Врховен суд, Јово Вангеловски за ТВ21 изјави дека овие одлуки се донесени во согласност со начелно правните мислења и дека не можат повторно да се разгледаат.
-Тоа што тие постапувале спротивно на начелното правно мислење е проблем на СЈО, вели Вангеловски, кој додава:
-Начелно правното мислење е дека по истекот на мандатот, СЈО веќе не е овластен тужител, но можеби аферата „Рекет“ докажува зошто тие не го почитувале тоа мислење.
Непочитувањето на тоа мислење, според Вангеловски отвора сомнежи дека отворените случаи по 30 јуни 2017, се започнати со цел да се злоупотреби СЈО.
-Така личи од сегашна перспектива. Но, тоа е само логична претпоставка, вели претседателот на Врховен суд за ТВ21.